Винисиус му донесе победа на Бразил со гол во 99. минута (ВИДЕО)

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус му донесе победа на Бразил со гол во 99. минута (ВИДЕО)

Бразилската репрезентација оствари значаен триумф во квалификациите за Светското првенство, победувајќи ја Колумбија со 2-1 со гол во последните моменти од мечот. Домаќините одлично го отворија натпреварот, а Рафиња уште во 6. минута беше прецизен од белата точка, носејќи предност од 1-0. Сепак, Колумбијците не се предадоа, па во 41. минута Луис Диаз погоди и го постави резултатот на 1-1. Кога сите очекуваа поделба на бодовите, Винисиус во 99. минута испрати фантастичен удар од далечина, со кој му донесе победа на Бразил од 2-1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.