Винисиус му кажа на Гави дека тој ќе ја освои „Златната топка“, но нема ништо од тоа! (ФОТО)

October 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус му кажа на Гави дека тој ќе ја освои „Златната топка“, но нема ништо од тоа! (ФОТО)

Денеска и официјално ќе биде познат победникот на „Златната топка“ на церемонијата во Париз. Денешниот ден долго ќе биде запаметен по еден настан. Имено, на самиот ден на церемонијата светската јавност беше изненадена од веста дека сепак Винисиус нема да ја освои оваа престижна награда, иако тоа долго време се најавуваше. Ова му било кажано на Бразилецот како и на Реал Мадрид, па затоа нивната делегација вечерва нема да присуствува во Париз. Тие наводно сметаат дека Винисиус е единствениот играч кој ја заслужува оваа награда, па затоа нема да присуствуваат на церемонијата. Се очекува играчот на Манчестер Сити Родри да биде победникот, а доказ за тоа колку Винисиус бил убеден дека ќе ја освои наградата е разговорот со Гави каде Шпанецот со прстите му го покажуваше резултатот (4-0) на последното „Ел Класико“ на што Бразилецот му одговорил: „Да, но јас ќе ја освојам „Златната топка“ во понеделеник“, рекол кратко Винисиус.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.