September 12, 2024 | | Свет
Винисиус игра очајно за Бразил, но и генерално на сите бразилски фудбалери не им оди периодов кога играат за селекцијата. Бразил има само три победи во осум одиграни натпревари во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Играчот на Реал Мадрид се правдаше и дури им се извини на навивачите на Бразил. „Натпреварите во Европа се побрзи отколку тука. Топката пристигнува побрзо поради теренот, ние треба да се адаптираме за да играме најдобро што можеме за да ги добиваме натпреварите. Сакам да побарам прошка од вановите. Знам дека ова е комплициран момент, но ќе се вратиме“, објасни Винисиус.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |