Винисиус откри каков совет им дал Анчелоти на полувремето

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус откри каков совет им дал Анчелоти на полувремето

Реал Мадрид направи огромен пресврт во дуелот против Борусија Дортмунд каде на полувреме губеа со 0-2, а крајниот резултат беше 5-2 каде сите пет гола Реал ги постигна во вториот дел. Винисиус беше човекот од одлука на вчерашниот дуел, а Бразилецот откри каков совет им дал Анчелоти на полувремето. „На полувреме губевме со два разлика, а кога влеговме во соблекувалната се беше тивко. Потоа во еден момент, во соблекувална влезе тренерот Анчелоти. Тој веднаш започна да ги бодри и ни кажа дека ако брзо дадеме гол, ќе следува и втор погодок за брзо време“, рече Винисиус. Играчите го испорачаа она што Анчелоти го барал од нив. „Им реков на полувремето дека мора да дадеме барем три гола. Можеби звучеше како утопија, но разговаравме, потенцирав дека треба да ги освојуваме дуелите, да започнеме од малите работи. Моравме да ја промениме динамиката за да победиме“, рече Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.