March 3, 2025 | | Свет
Винисиус Жуниор најави важен дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, а ова му беше прво појавување пред новинарите по доделувањето на „Златната топка“ на 28 октомври. Бразилецот не избегна ниту едно прашање поврзано со таа тема и искрено зборуваше за своите чувства во тие моменти. „Не се чувствувам изневерено, затоа што секој гласа според своето убедување. Имам свое мислење, а и моите соиграчи ми даваат огромна поддршка да продолжам да се развивам. Никогаш не сум ни сонував дека ќе ја освојам ‘Златната топка’, но секако сакам еден ден да ја освоjам, како и што е можно повеќе титули“, изјави Винисиус. Едно од прашањата се однесуваше и на неговото непојавување на церемонијата. „Клубот донесе таква одлука, а јас само ја следев. Побараа од мене да останам во Мадрид и јас го прифатив тоа без проблеми“, потврди Винисиус, објаснувајќи дека не станувало збор за лична одлука да ја бојкотира церемонијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |