Винисиус сака да биде на врвот, Реал веднаш го одби

July 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус сака да биде на врвот, Реал веднаш го одби

Шпанските медиуми откриваат дека преговорите за продолжување на договорот меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид се комплицираат, откако бразилската ѕвезда побарал повисока плата од онаа на Килијан Мбапе. Според извори блиски до клубот, Винисиус инсистира на годишна плата од 20 милиони евра нето, што би го направило најплатениот фудбалер во тимот, над Французинот кој летово дојде со статус на суперѕвезда. „Винисиус сака да биде препознаен не само како носител на проектот, туку и како највреден играч во финансиски смисол“, пренесуваат медиумите. Меѓутоа, одговорот од „кралскиот клуб“ бил краток и јасен – платната структура нема да се менува, и Мбапе ќе остане на врвот. Иако на теренот веќе има очигледен недостаток на хемија меѓу Винисиус и Мбапе, ваквиот развој на настаните може да предизвика нови тензии во соблекувалната, особено ако Бразилецот не се почувствува доволно ценет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.