Винисиус се буни: Судиите се против нас!

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус се буни: Судиите се против нас!

Бразил во второто коло од групната фаза на Копа Америка го совлада Парагвај со 4-1, а Винисиус Жуниор пак беше гласен и имаше што да каже во изјава за медиумите. „Тешко е да се игра на овие терени и со судиите секогаш против тебе. Начинот на кој КОНМЕБОЛ се однесува со нас е секогаш многу комплициран“, изјави тој. Тој вели дека секогаш игра за неговиот тим, а кога игра за Бразил, секогаш се труди да ги прави најдобрите работи. „Можам да направам се што е во моја моќ за да и помогнам на бразилската репрезентација, да му помогнам на овој тим кој работи напорно секој ден за да може да го стави Бразил на позицијата што ја заслужува. Ќе останеме цврсти за да ја достигнеме оваа цел и првиот чекор е да ја освоиме титулата на Копа Америка“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.