Винисиус се закачи со Коке: Јас имам две титули во ЛШ, а ти ниту една!

September 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус се закачи со Коке: Јас имам две титули во ЛШ, а ти ниту една!

Нема поминато ниту еден натпревар сезонава во кој Винисиус Жуниор не прави драма и не привлекува внимание, а замерки во последно време има и од самите навивачи на овој клуб. Тој на моменти повеќе има желба да се кара со противниците и навивачите на другите тимови, отколку да игра фудбал. Истото се случи и на вчерашното мадридско дерби каде тој влезе во конфликт со неколку играчи на Атлетико Мадрид, особено со Коке и Љоренте. Дискутирајќи со Коке, Винисиус му се обратил со зборовите: „Јас има две титули во Лигата на шампионите, а ти ништо“, кратко рекол Бразилецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.