Винисиус шутираше пенал и го промаши ЦЕЛ гол (ВИДЕО)

March 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус шутираше пенал и го промаши ЦЕЛ гол (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид има водство од 1-0 против Реал Мадрид по 70 минути игра на „Ванда Метрополитано“, а голема шанса за израмнување пропушти Винисиус Жуниор. Килијан Мбапе успеа да изнуди пенал за својот тим, а одговорноста ја презеде Винисиус. Сепак, бразилската ѕвезда изведе удар од белата точка на катастрофален начин, испраќајќи ја топката високо над голот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.