Винисиус станува неподнослив за Реал Мадрид?!

February 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус станува неподнослив за Реал Мадрид?!

И покрај тоа што шпанскиот медиум Marca важи за близок до Реал Мадрид, сепак без разлика на околностите, отворено го критикува Винисиус. Ова значи дека Бразилецот претставува проблем за „кралскиот клуб“. Неговиот карактер и себичност го прават далеку од најдобрите, што полека почнуваат да го сфаќаат и челниците на клубот. Не би било изненадување ако претседателот Флорентино Перез одлучи да го продаде во Саудиска Арабија за 350-400 милиони евра летово, што би било добредојден потег како за Реал, така и за навивачите на врвниот европски фудбал. Особено по ситуацијата на натпреварот против Легањес, кога Лука Модриќ го „молеше“ Вини да се врати и да помогне во одбраната, но без успех. Се повеќе преовладува ставот дека Винисиус нема карактеристики да биде мегазвезда на Реал Мадрид. Иако постојано клубот го брани при неговите испади, сепак и тоа може да заврши.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.