Винисиус ужива во Дубаи: Му држат чадор и вентилатор додека шета! (ВИДЕО)

November 9, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус ужива во Дубаи: Му држат чадор и вентилатор додека шета! (ВИДЕО)

Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради случувањата на фудбалскиот терен. Снимка од неговиот престој во Дубаи стана вирална на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари, откако дел од јавноста го обвини бразилскиот ас за претерано луксузирање. На видеото, снимено во историскиот кварт Ал Сеф, напаѓачот на Реал Мадрид се движи низ улицата додека двајца асистенти му помагаат да се заштити од силното сонце. Едниот држи чадор над него, а другата личност користи рачен вентилатор за да го разладува. Токму овој призор предизвика потсмев и критики, а некои корисници на социјалните мрежи го опишаа како однесување на фудбалска ѕвезда навикната на кралски третман. Патувањето се совпадна со период во кој Бразилецот ја одработува суспензијата од четири натпревари. Поради казната, тој ги пропушти дуелите против Севиља, Барселона, Расинг и Валенсија, а Реал Мадрид успеа да ги добие сите четири натпревари. Но, неговото отсуство од клупските обврски и престојот во Дубаи не поминаа без критики во шпанските медиуми. Дел од новинарите сметаат дека Винисиус требало да остане во Мадрид и да го искористи периодот за дополнителна работа на тренинзите, особено поради послабиот статистички ефект на почетокот од сезоната. Бразилецот има еден гол и три асистенции, а се појавија и информации дека ја загубил позицијата во стартниот состав, во кој сега место добива Јан Диоманде.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.