Винисиус заминува од Реал поради Килијан Мбапе?!

July 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус заминува од Реал поради Килијан Мбапе?!

Реал Мадрид се соочува со сериозен ризик да остане без Винисиус Жуниор. Бразилецот е незадоволен од понудените услови за нов договор и размислува за заминување. Тој бара поголема плата од Килиан Мбапе, кој моментално добива 30 милиони евра годишно, додека „кралевите“ му нудат 20 милиони. Освен финансискиот аспект, проблем претставува и односот меѓу Винисиус и Мбапе, кој наводно не е најдобар, што дополнително ја влошува атмосферата во соблекувалната. Клубот не е подготвен да се откаже од својот клучен играч без значителна отштета, но преговорите се во застој. Во позадина влечат богати клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да понудат огромна сума. Доколку дојде до трансфер, тоа би имало сериозни последици врз плановите на Реал за новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.