Виновникот за поразот на Реал барал прошка од соиграчите

April 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Виновникот за поразот на Реал барал прошка од соиграчите

Арсенал прикажа импресивна партија и го совлада Реал Мадрид со убедливи 3:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите одигран во Лондон. Фантастичниот Деклан Рајс блескаше со два погодока од слободен удар – првиот во 58. минута, кога ја искористи грешката на Тибо Куртоа кој постави слаб жив ѕид, а вториот 12 минути подоцна, со уште едно прецизно шутирање од далечина, овојпат во аголот на голот на Белгиецот. Микел Мерино во 75. минута го потврди триумфот на „топчиите“ со третиот гол на натпреварот, ставајќи го Реал во незавидна позиција пред реваншот кој се игра следната среда на „Сантијаго Бернабеу“. По натпреварот, шпанските медиуми открија дека Давид Алаба ја презел вината за првиот примен гол. Според „Дефенса Централ“, Алаба им се извинил на Куртоа и Лука Модриќ велејќи: „Јас сум виновен.“ Интересно е што токму Алаба го замени Ферланд Менди на левата бековска позиција, иако неодамна таа улога успешно ја покриваше Фран Гарсија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.