Вирц е на чекор од донесување на изненадувачка одлука за својата иднина

March 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Вирц е на чекор од донесување на изненадувачка одлука за својата иднина

Флоријан Вирц, еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен, ќе биде клучна фигура во германската репрезентација. Според „Билд“, во текот на април се очекува да донесе одлука за својата иднина. Германскиот офанзивец, кој има 21 година и веќе има постигнато над 50 голови за Леверкузен, би можел да остане во клубот уште една сезона. Наводно, тој би потпишал нов договор со подобрени финансиски услови, а Баер Леверкузен нема да му создава пречки за трансфер во летото 2026 година, доколку пристигне соодветна понуда. Подолг период, интерес за Вирц покажуваат Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн Минхен, а се чинеше дека ова лето ќе премине во некој од овие европски гиганти. Сепак, конечната одлука допрва ќе биде донесена. Дополнително, раководството на Баер Леверкузен се надева дека ако Вирц остане, тоа ќе биде силен мотив и за Чаби Алонсо да го исполни својот договор со клубот. Алонсо веќе подолго време се споменува како потенцијален наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид. Во меѓувреме, раководството на Баерн Минхен отворено признава дека ќе се потрудат да го донесат Вирц уште ова лето и напорите кои моментално ги прават се поголеми во споредба со другите тимови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.