Вистинска сапуница: Ал Ахли сака да потпише само еден, а држат контрола и врз двајцата!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вистинска сапуница: Ал Ахли сака да потпише само еден, а држат контрола и врз двајцата!

Ал Ахли во моментов чека Осимен да даде зелено светло откако тимот од Саудиска Арабија се договори со Наполи за негов трансфер. Моментално пак, Нигериецот преговара со Челси на кого му дава приоритет ако успеат да се договорат за неговата плата. Од друга страна пак, Ајван Тони во моментов е на медицински прегледи за трансфер во истиот клуб откако се постигна договор и со играчот и со клубот, но ова не мора ништо да значи. Причината за тоа е што Ал Ахли планира да потпише само ЕДЕН од нив двајцата, па ако пропаднат преговорите на Осимен со Челси, Нигериецот може да ја прифати понудата на саудискиот клуб па и покрај поминатите медицински прегледи, Ајван Тони да остане без трансфер. Вистинска сапуница на последниот ден од трансфер периодот каде наскоро се очекуваат повеќе информации.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.