Вистински романтичар: Томас Милер ѝ купи авион на сопругата

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Вистински романтичар: Томас Милер ѝ купи авион на сопругата

Томас Милер решил да ѝ купи авион на сопругата Лиса, подарок кој треба да да биде поттик таа што побрзо да добие пилотска дозвола, со оглед дека во моментов ја нема. Германецот купил авион Pilatus PC-12/45, произведен во 2004 година, кој чини околу 2,4 милиони евра. Како што пренесува „Bild“, таа наскоро би требало да добие и дозвола за хеликоптер. Ваквиот потег на Милер доаѓа во период кога се шпекулираше дека би можеле да се разделат и дека нивниот брак е во криза. Тој дури и престана да ја следи сопругата на Инстаграм, но по дуелот со Барселона во Лигата на шампионите ги покажа копачките на кои беше испишано нејзиното име.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.