Влаховиќ ќе замине, но не прифаќа помалку пари

May 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Влаховиќ ќе замине, но не прифаќа помалку пари

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е сè поблиску до заминување од Јувентус, откако, според италијанските медиуми, го одбил новиот договор понуден од клубот. Јувентус се обидел да ја намали неговата годишна плата од 12 на 8 или 9 милиони евра, но Влаховиќ не прифатил, што ја отвора вратата за негова продажба ова лето. Клубот од Торино, според истите извори, би бил подготвен да го продаде својот прв напаѓач за сума меѓу 40 и 50 милиони евра. Во меѓувреме, Јувентус веќе бара замена, а како можен наследник се споменува данскиот голгетер Расмус Хојлунд. Ситуацијата дополнително се комплицира со неизвесната иднина на Рандал Коло Муани, кој моментално е на позајмица од Пари Сен Жермен. Во однос на новата дестинација на Влаховиќ, медиумите шпекулираат со неколку можни опции. Турските извори го поврзуваат со Фенербахче, додека од Англија доаѓаат информации дека за него сериозен интерес покажуваат Астон Вила и Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.