July 3, 2025 | | Свет
Душан Влаховиќ не се откажува од својата намера да ја одработи последната година од договорот со Јувентус и потоа да замине како слободен агент – што значи без да донесе обесштетување за клубот, но со отворени раце да избере каде ќе ја продолжи кариерата. Како што пренесува Газета дело Спорт, српскиот напаѓач смета дека ваквиот потег е најдобар за неговата кариера, и покрај притисокот што му се врши од страна на „Старата дама“. Во следните денови, агентот на Влаховиќ ќе се сретне со генералниот директор на Јувентус, Даниел Комоли, со цел да се изнајде компромис, но од клубот веќе испраќаат јасен сигнал – ако не прифати трансфер ова лето, ризикува да биде отстранет од тимот и цела сезона да ја мине надвор од теренот. Проблемот е и финансиски – Јувентус не само што ќе остане без трансферна сума, туку ќе мора да му исплати 12 милиони евра плата, што го прави сценариото уште понепожелно за торинскиот гигант. Сепак, Влаховиќ не се поколебува – според информациите, дури и заканата за клупа или трибини не го менува неговиот став. Србинот е подготвен да ја издржи сезоната во втор план ако тоа значи слобода и контрола врз сопствената иднина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |