August 28, 2024 | | Свет
Душан Влаховиќ, нема да игра за Србија на почетокот на Лигата на нации против Шпанија и Данска каде јавноста за тоа ја извести преку својот Инстаграм профил. Како што вели тој, причините биле семејни. „Денес го известив стручниот штаб дека поради семејни причини нема да бидам во можност да се оѕвам на поканата од селекторот за претстојните натпревари на Лигата на нации против Шпанија и Данска“, напиша Душан Влаховиќ на Инстаграм. Не престануваат да кружат различни шпекулации дали причините се други и дали на пример станува збор за некаков конфликт кој Душан го има со некој од селекцијата. На 5-ти септември, Србија ќе игра против европскиот првак Шпанија во Белград, а три дена подоцна ќе и гостува на Данска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |