February 25, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми откриваат дека Душан Влаховиќ не сака да му се придружи на Жозе Мурињо во Фенербахче, бидејќи има желба да ја продолжи кариерата во англиската Премиерлига. Српскиот напаѓач против Каљари се врати во стартниот состав на Јувентус, каде што постигна гол што ѝ донесе три важни бода на „старата дама“ во битката за пласман во Лигата на шампионите. И покрај добрата форма, сè почесто се зборува дека Влаховиќ нема иднина во Јувентус и дека летово ќе го напушти клубот. Преговорите за нов договор стагнираат, бидејќи напаѓачот и неговите агенти не го прифаќаат предлогот на спортскиот директор Кристијано Џинтоли за продолжување на соработката до 2030 година со плата од 8-9 милиони евра по сезона. Во моментов, Србинот заработува 12 милиони евра годишно. Според „Тутоспорт“, Фенербахче се обидел да го привлече Влаховиќ со истата сума што ја добива во Јувентус, но тој ја одбил понудата на Жозе Мурињо. Неговиот сон е да заигра во Премиерлигата, па сега трпеливо чека понуди од водечките клубови на Островот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |