Влаховиќ отпадна, Милан тргнува по напаѓачот на Манчестер Јунајтед!

August 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Влаховиќ отпадна, Милан тргнува по напаѓачот на Манчестер Јунајтед!

Душан Влаховиќ веќе не е приоритет за Милан. Иако српскиот напаѓач беше на чекор до трансфер на „Сан Сиро“, работите се сменија – „росонерите“ се повлекле од преговорите со Јувентус и сега целосно го насочиле фокусот кон доведување на Расмус Хојлунд. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан работи на договор со Манчестер Јунајтед, од каде првично побарале 40 милиони евра за данскиот голгетер. Но, со оглед на тоа што Бенџамин Шешко е сè поблиску до „Олд Трафорд“, англискиот клуб наводно е подготвен да ја намали цената за Хојлунд. Милан планира да го донесе Хојлунд прво на позајмица со право на откуп. Дополнителен адут на „росонерите“ е тоа што Данецот прифаќа значително пониска плата – околу шест милиони евра годишно, наспроти двојно повисоките барања на Влаховиќ. Хојлунд, кој веќе има искуство од Серија А со дресот на Аталанта, нема ништо против враќање во Италија, што само ги зголемува шансите за реализација на трансферот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.