Влаховиќ платил 100.000 евра за да не му ги искршат нозете на соиграчот

May 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Влаховиќ платил 100.000 евра за да не му ги искршат нозете на соиграчот

Фудбалскиот свет е повторно потресен од шокантни признанија поврзани со коцкарскиот скандал што ја тресе Италија. Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, му позајмил 100.000 евра на својот поранешен соиграч, Никола Фаџоли, за да му помогне да ги исплати коцкарските долгови што му ја уништија кариерата. Според сведочењето на Фаџоли пред обвинителите, објавено од италијанскиот медиум „Тутоспорт“, тој се обложувал по 12 часа дневно преку нелегални платформи, што е строго забрането за професионални спортисти. Освен што ги кршел правилата, Фаџоли се довел во опасност и од физички закани поради огромните долгови. „Се сеќавам дека дури и Влаховиќ, кој ми е драг пријател кога играв за Јувентус, ми даде 100.000 евра за да ги покријам долговите“, изјавил Фаџоли. Тој признал дека во моментот на првото рочиште во Торино должел меѓу 400.000 и 500.000 евра, но досега никој повторно не му побарал пари. Фаџоли спомена и дека побарал помош и од други фудбалери, меѓу кои Федерико Гати и Раду Драгушин, на кои им ветувал дека ќе им ги врати парите со камата, дури и уплаќајќи ги на сметката на сомнителната компанија „Елизиум“, која е централна во коцкарскиот скандал. „Не ме интересираа семејството, девојката… Бев поинаков човек. Премногу доцна сфатив дека тоа е болест“, рече со каење младиот фудбалер, кој беше суспендиран поради своето учество во нелегалните обложувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.