January 18, 2025 | | Свет
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел наскоро да го напушти Јувентус, а како потенцијална нова дестинација се споменува Милан. Според италијанскиот новинар Себастијан Сарно, управата на Милан веќе започнала разговори со Јувентус за можен трансфер на 24-годишниот фудбалер. Иако официјална понуда сè уште не е доставена, се очекува тоа да се случи најдоцна до летниот преоден рок. Влаховиќ, кој има договор со „старата дама“ до 2026 година, наводно е заинтересиран да продолжи со кариерата во Италија, а Милан изгледа како реална опција. Од претходно е познат интересот на Јувентус за дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори, што би можело да ја направи зделката уште поинтересна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |