Влаховиќ пред раскрсница: Јувентус или заминување – „Газета“ најавува пресврт

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Влаховиќ пред раскрсница: Јувентус или заминување – „Газета“ најавува пресврт

Иднината на Душан Влаховиќ повторно е на маса – српскиот голгетер останува во центарот на трансфер шпекулациите откако не се најде заеднички јазик со Јувентус околу продолжување на договорот. Преговорите со „старата дама“ траат уште од зимскиот преоден рок, но до сега изгледаше дека разделбата е најреалното сценарио. Единствената конкретна понуда пристигна од Фенербахче, но таа не ги задоволуваше финансиските барања на Јувентус – италијанскиот гигант бара 40 милиони евра за слободата на својот напаѓач, иако договорот му истекува следното лето. Сепак, според новите информации на „Газета дело Спорт“, можен е пресврт – двете страни наводно работат на формула која ќе донесе добивка за сите. Од една страна, Јувентус не сака да го изгуби Влаховиќ без обештетување, од друга, Тудор сака да го задржи напаѓачот кој ужива во неговата доверба. Клучниот момент е платата – Влаховиќ треба да прифати значително помала сума од сегашната која се движи околу 10 милиони евра. Доколку се најде компромис, српскиот напаѓач би можел да остане уште неколку сезони во Торино, овојпат со јасна улога во проектот на Тудор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.