Влаховиќ збесна бидејќи беше заменет, пцуеше и фрлаше костобрани! (ВИДЕО)

December 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Влаховиќ збесна бидејќи беше заменет, пцуеше и фрлаше костобрани! (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ го покажа незадоволство по вчерашниот натпревар против Монца на кој „старата дама“ победи со 2-1. По замената во 85. минута, српскиот напаѓач беснееше на клупата, што привлече внимание. Според италијанските медиуми, причината за неговото нервозно однесување не била конфликт со тренерот Мота, туку незадоволството од одредени сегменти на судењето. Наводно, Влаховиќ не бил задоволен од одлуките на арбитрите за време на натпреварот, што го направило нервозен. Според информациите на италијанскиот „Sky“, Влаховиќ сметаше дека судијата Давиде Маса не свирил очигледен прекршок врз него во казнениот простор. Досудениот пенал ќе му помогнеше на Јувентус да го реши прашањето за победникот, а дополнително ќе подобреше неговиот учинок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.