Влегол во конфликт со лекарите и не отишол на прегледи, си доби суспензија

September 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Влегол во конфликт со лекарите и не отишол на прегледи, си доби суспензија

Шансел Мбемба беше суспендиран од неговиот клуб Олимпик Марсеј бидејќи одбил да се појави на медицинските прегледи. Како што пренесува „L'Equipe“, тој дури двапати не се појавил на медицински преглед, исто така и на магнетна резонанца, а истите му биле препишани откако се вратил од настапите на селекцијата за која настапува, односно ДР Конго. Поради тоа, клубот му испратил писмо во кое бил известен за неговата суспензија, а може да дојде и до раскинување на неговиот договор. Тој со месеци бил во конфликт со луѓето од медицинскиот тим, од тука доаѓа и ваквата реакција на играчот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.