Влегува нов кандидат во трката за Златната топка!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Влегува нов кандидат во трката за Златната топка!

Пред да започне Европското првенство, како најголеми кандидати за Златната топка се издвојуваа Џуд Белингем и Винисисус Жуниор. Белингем одигра лошо Европско првенство па така му се намалија шансите, а и Винисиус не одигра посебно на Копа Америка каде испаднаа во четвртфиналето од Уругвај и тој го пропушти натпреварот поради суспензија. Со освојувањето на Европското првенство, Родри исто така влезе во најтесниот круг каде со Сити ја освои Премиер лигата и одигра страшно Европско првенство каде беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Според информациите на „L`Equipe“, во игра влегува и Лаутаро Мартинез. Мартинез со Интер ја освои Серија А, а со „нероаѕурите“ ја стигна до триумф на Копа Америка.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.