Во Челси ништо ново: Џексон го продолжи договорот до 2033 година!

September 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Во Челси ништо ново: Џексон го продолжи договорот до 2033 година!

Николас Џексон и официјално го продолжи договорот со Челси каде сега неговиот важечки договор е дури девет години. Во тимот од Лондон пристигна од редовите на Виљареал за 32 милиони фунти. Челси продолжува со политиката на долги договори за фудбалерите каде трансферот и платата се поделени на многу години каде финансиски сумата дадена за играчот на годишно ниво е премала, па така испаѓа дека тие трошат малку кога се гледа сезона по сезона. „Се чувствувам одлично што клубот има доверба во мене. Работам многу напорно. Многу сум среќен што ќе го продолжам договорот и ќе останам тука уште многу години“, изјави Џексон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.