September 29, 2024 | | Свет
Денеска бевме сведоци на неверојатен натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во големото мадридско дерби во рамките на осмото коло од Ла Лига каде конечниот резултат беше 1-1. Првото полувреме беше мирно, а во второто имаше сѐ. Најпрво, Реал Мадрид постигна гол од сомнителен фаул кој го изнуди Винисиус од кој Реал во 64. минута поведе преку Милитао. Ваквите настани многу ги налутија домашните навивачи кои почнаа да фрлаат предмети по Куртоа по што натпреварот беше прекинат. Во тие моменти Коке, Хименез, но и Симеоне им се обратија на фановите замолувајќи ги да не ствараат дополнителни тензии и кажувајќи им дека она што го прават не е во ред. Откако играчите се вратија на теренот, Атлетико Мадрид тргна во силна офанзива и на крај успеа да избегне пораз преку Анхел Кореа во 95. минута каде најпрво судијата досуди офсајд, но тука беше искористена офсајд технологијата која потврди дека немаше недозволена позиција. Како шлаг на тортата беше црвениот картон на Маркос Љоренте кој остро стартуваше над Фран Гарсија, а по ударот на Чуамени и Ле Норман глава во глава во шеснаесетникот на Атлетико, судијата одлучи да свири крај. Следното коло Атлетико ќе гостува кај Реал Сосиедад, а Реал Мадрид го дочекува Виљареал.
🚩 Live: Atletico 1-1 Real Madrid
⚽ Goal: Correa (95+)#AtletiRealMadrid pic.twitter.com/dvjDOfTbxP https://t.co/zizGS6kH8W — Football Giants (@FutballGiants) September 29, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |