January 10, 2025 | | Свет
Карлос Вела кој своевремено играше за Арсенал, е последен во низата спортисти кои ги загубија своите домови во катастрофалните пожари што го погодија Лос Анџелес. Неговата вила во Малибу, вредна четири милиони евра и со површина од 5.121 квадратен метар, целосно изгорела во пожарите кои направија пустош во богатото предградие Палисадес. Сопругата на Вела, Саио Канибано, ја потврди веста, објавувајќи на Инстаграм: „Нашиот прекрасен дом во Малибу изгоре вчера. Сè уште сме во шок од сето ова. Многу е тажно и застрашувачки да гледаш како сè гори. На сите пораки за загриженост одговарам дека сме на сигурно. Ви испраќам многу љубов на сите погодени и се надевам дека огнот наскоро ќе биде изгаснат“, напиша таа. Пожарите, кои започнаа на 7 јануари, однесоа најмалку десет животи и уништија илјадници домови, принудувајќи над 130.000 жители да се евакуираат. Домот на Вела бил вистинска луксузна оаза, вклучувајќи спа центар, мултимедијална соба, три апартмани за гости, пет купатила, голема кујна, дневна соба, вински подрум и базен. За жал, сè беше уништено во огнената стихија. Во овој момент, Вела сè уште е член на екипата на Лос Анџелес, но трагедијата со домот го става во редот на многумина кои ги чувствуваат разорните последици од пожарите во Калифорнија.
Ex-Arsenal star Carlos Vela's £3.3m Malibu home destroyed in LA fires as his wife shares emotional update https://t.co/W805Za3TJd
— Mail Sport (@MailSport) January 10, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |