Водоинсталатер си поигра со ѕвездите на Тотенхем: Беше прогласен и за играч на мечот (ВИДЕО)

January 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Водоинсталатер си поигра со ѕвездите на Тотенхем: Беше прогласен и за играч на мечот (ВИДЕО)

Како и секоја сезона, така и оваа ФА Купот носи некоја интересна приказна. Имено, 32-годишниот Хајдин Холис имаше натпревар за паметење викендов. Човекот кој работи како водоинсталатер во секојдневниот живот, а од хоби игра за англискиот нисколигаш Тамворт, блесна против екипата на Тотенхем во 4. коло од ФА купот. Тотенхем, составен од скапи ѕвезди, едвај успеа да го совлада Тамворт (член на англиската Национална лига, петтата лига на Англија) со победа во продолженијата. Сепак, Холис беше прогласен за играч на натпреварот поради својата извонредна игра и бројните клучни интервенции. На социјалните мрежи веќе се шири видео од еден неверојатен потег на Холис за време на мечот, кој успеа да ги засени дури и фудбалерите на премиерлигашкиот состав. Холис покажа дека и аматерските фудбалери можат да блеснат на големата сцена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.