January 28, 2025 | | Свет
Искусниот англиски фудбалер Кајл Вокер донесе изненадувачка одлука да го напушти Манчестер Сити и да се пресели во Милан. Во разговор со медиумите, тој отворено зборуваше за причините зад оваа голема промена во неговата кариера.
„Во клубот ситуацијата повеќе не беше како што сакав. Не играв доволно и не бев задоволен со минутажата. Чувствував дека е време за нов предизвик“, призна Вокер.Тој истакна дека преминот во Милан го гледа како можност за нов почеток и за освојување титули со уште еден голем клуб.
„Дојдов во голем клуб, со надеж дека ќе имам поголема минутажа и ќе постигнеме успех. Разговорот со Пеп не беше лесен, но сè што тој освои со Сити, го освоив и јас. Почитта меѓу нас е огромна, но морав да ја донесам оваа одлука“, изјави Вокер.Преселбата во Милан за Вокер означува нова фаза во неговата кариера, а англискиот дефанзивец е подготвен да даде сè за новиот клуб и да продолжи со освојување на титули.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |