Волкот: Играчот на Њукасл недостасува во сложувалката на Реал

November 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Волкот: Играчот на Њукасл недостасува во сложувалката на Реал

Тео Волкот даде интересен предлог за каков и кој точно играч му недостасува на Реал Мадрид за да доживее поголеми успеси. Иако Килијан Мбапе е дел од клубот и на хартија Реал добро е покриен во нападот, сепак тимот од Мадрид нема класична деветка. Токму Волкот изјави дека Александер Исак од Њукасл е идеален фудбалер и е делот што недостасува во сложувалката на составот од шпанската престолнина. „Исак е играч кој навистина му треба на Арсенал, но би рекле на сите им треба играч како него во нивниот тим, дури и на Ливерпул, ама не само тимовите од Премиер лигата ќе се обидат да го ангажираат. Погледнете го составот на Реал Мадрид во овој момент. Тие одат по овие Галактикоси и ги купуваат овие неверојатни таленти, но понекогаш ги ставаат на позиции каде што не можат баш тоа да го направат. Би рекол дека ако го ставите Исак во тој тим на Реал, тогаш тој ги составува на поинаков начин, каде што можеби мислите дека сега изгледаат како многу добро избалансиран тим. Тоа е нивото на кое се наоѓа, јас апсолутно можам да разберам зошто сите врвни тимови би го посакувале“, изјави Волкот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.