За да нема тензии, Перез им ги покачи платите на суперѕвездите!

September 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

За да нема тензии, Перез им ги покачи платите на суперѕвездите!

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез мораше да реагира за да направи неговите суперѕвезди среќни. Имено, според информациите на ,,OKDiario’’, Перез решл да им ги зголеми платите на Белингем и на Винисиус за двајцата не бидат љубоморни на Мбапе. Мбапе беше единствен со годишна плата од 15 милиони евра, а Белингем и Винисиус имаа дупло помала плата од него. Со овој потег, Флорентино Перез сака да ги одржи хармонијата и заедништвото во соблекувалната. После нив тројцата, најплатени играчи се Алаба, Валверде и Куртоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.