За Мурињо и неговиот Фенер нема Лига на шампиони, исфрлени се од Лил! (ВИДЕО)

August 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

За Мурињо и неговиот Фенер нема Лига на шампиони, исфрлени се од Лил! (ВИДЕО)

Фенербахче не успеа да помине во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите и се елиминирани од француски Лил. Турската екипа имаше негатива од 1-2 од првиот натпревар. Тие успеаа да изборат продолженија откако во 91-вата минута комичен автогол постигна Бафоде Диаките. Во 109. минута Манди доби црвен картон, а Лил остана со фудбалер помалку, но само седум минути подоцна Французите добија пенал по игра со рака на Остерволде. Давид го реализираше пеналот за израмнување на 1-1. Во последните минути од натпреварот Фенербахче пропушти огромна шанса каде Тосун биеше со глава и ја погоди пречката од голот на Лил и така резултатот остана 1-1. Мурињо и Фенер сега продолжуваат во плеј-офот од Лигата на Европа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.