За Шакира се прекршуваат и фудбалските правила!

July 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

За Шакира се прекршуваат и фудбалските правила!

Финалето на Копа Америка ќе се одигра ноќта од недела кон понеделник во 2 часот по македонско време, каде ќе се сретнат Аргентина и Колумбија. Натпреварот ќе се одигра во Мајами на стадионот Хард Рок. Ако Аргентина победи, ќе станат рекордери со 16 освоени титули, а овој рекорд засега го делат со Уругвај. Воедно, на полувремето од натпреварот, ќе настапи поп ѕвездата Шакира, а ESPN пренесува дека нејзиниот настап ќе ги прекрши фудбалските правила, каде поради нејзиниот настап, полувремето ќе трае 25 минути, наместо нормалните 15 минути. Во правилата е јасно наведено дека паузата не смее да трае подолго од 15 минути, па засега не е јасно дали ќе има реакции или пак можеби ИФАБ свесно го дозволиле ова

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.