За Зидан има само два тренерски предизвици кои го привлекуваат

December 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

За Зидан има само два тренерски предизвици кои го привлекуваат

Зинедин Зидан, легендата на францускиот фудбал, започна амбициозно како тренер, а со одлични резултати стигна од вториот тим на Реал Мадрид до првата екипа. Во двата мандати од 2016 до 2018 и од 2019 до 2021 година, тој постигна големи успеси. И покрај тоа што неговото име често се споменува во контекст на големите клубови како Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Јувентус и Манчестер Јунајтед, Зидан не се поврза со ниту еден од овие клубови. Откако остана без ангажман, тој се наоѓа во статус на слободен агент. Според информациите на „Marca“, Зидан може да се врати на големата сцена, но само ако добие понуда од Реал Мадрид или ако биде назначен за селектор на француската репрезентација. Се споменуваше дека Зидан е еден од потенцијалните наследници на Дидие Дешамп, но тренерот на Франција продолжува да ги оправдува очекувањата со одлични резултати и засега не размислува за заминување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.