Закана е причината Јоро да премине во Јунајтед!

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Закана е причината Јоро да премине во Јунајтед!

Лени Јоро ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед каде уште вчера ги поминал медицинските прегледи и официјализирање може да има уште денес. Јунајтед беше побрз од Реал Мадрид и нивната понуда беше финансиски подобра. Планот на Реал Мадрид беше Јоро да остане уште една сезона во Лил, па да пристигне откако ќе му истече договорот како слободен играч. Јоро прво се двоумил дали да премине во Манчестер Јунајтед, а стигнало и предупредување од неговиот клуб Лил. Наводно, тие му се заканиле дека ако не прифати да се пресели во Манчестер Јунајтед цела сезона ќе помине на клупата за резерви. Јоро сакал да остане во натпреварувачки ритам па ја прифатил понудата. Лил ќе го продаде на Јунајтед за сума која може да достигне до 70 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.