Замената на Крос Реал ја најде во Премиер лигата!

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Замената на Крос Реал ја најде во Премиер лигата!

Реал Мадрид ќе мора да ја пополни дупката која ја остави Тони Крос кој реши да се пензионира од фудбалот. Наводно, Реал Мадрид се вклучил во борба за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. Станува збор за еден фантастичен фудбалер кој е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а се очекува Њукасл да прави огромни проблеми во однос на цената за оние кои се заинтересирани за Гимараеш. Играчот посакува да игра во Лигата на шампиони, а евентуалниот трансфер би можел да чини околу 100 милиони евра. Бруно има договор со Њукасл до 2028 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.