Замената на Модриќ Реал ја гледа во Кимих

January 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Замената на Модриќ Реал ја гледа во Кимих

Иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен виси во воздух, бидејќи преговорите за нов договор сеуште не се финализирани. Германскиот репрезентативец влезе во последната година од тековниот договор, а интересот за неговите услуги расте кај врвните европски клубови. Баерн се обидува да го убеди Кимих да ја намали годишната плата од 20 милиони евра, но токму финансиските услови се причината поради која ѕвездата на средниот ред се воздржува од потпис. Во меѓувреме, Реал Мадрид ја гледа ситуацијата како идеална можност. Според извори, „Кралевите“ веќе контактирале со агентот на Кимих и подготвуваат стратегија за трансферот. Нивниот план е на лето да го привлечат како слободен агент, притоа задоволувајќи ги неговите финансиски барања. Додека Баерн се надева на позитивен исход, Кимих останува клучен играч, чија одлука ќе има големо влијание врз иднината на германскиот гигант.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.