September 23, 2024 | | Свет
Марк Андре Тер Штеген се здоби со тешка повреда на натпреварот против Виљареал па Барселона најверојатно ќе биде приморана да бара итно решение за голманската позиција. Како опции се наметнуваат слободните агенти, но и оние кои се повлекоа од фудбалот, а кои се спремни да се вратат. Таков е Клаудио Браво кој веќе бранеше за Барселона од 2014 до 2016 година и настапи на 70 натпревари ова лето замина во пензија на 41-годишна возраст. Освен за Барса, бранеше и за Бетис, Манчестер Сити, Реал Сосиедад и Коло-коло. Тој објави фудбалска пензија на крајот на месец август, но во изјава за медиумите изјави дека е спремен да излезе од пензија и да потпише за Барселона доколку им е потребен на каталонците. „Ако Барселона ми се јави и ако сум потребен на клубот, јас сум тука. Ќе бидам подготвен да ставам привремен крај на мојата пензија“ вели Браво. Интересно е што Браво од Барселона замина за да се ослободи простор за Тер Штеген, поточно за да може Германецот да стане прв голман на клубот, а сега Браво би можел да се врати и привремено да го замени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |