Започнува новата ЛШ: Најважните информации и натпреварите кои ќе се одиграат неделава

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Започнува новата ЛШ: Најважните информации и натпреварите кои ќе се одиграат неделава

Денеска започнува новото издание на Лигата на шампионите. Веќе нема да ја гледаме групната фаза, па наместо тоа сите тимови ќе бидат во една лига каде секој тим ќе одигра осум натпревари со различен противник, четири дома, четири во гости. Наместо 125 натпревари, вкупно сезонава ќе гледаме 189 меча. Ќе се натпреваруваат 36 тимови наместо досегашните 32, а во секое коло ќе се играат по 18 натпревари. Групната фаза на ЛШ ќе трае од 17. септември оваа година до 29. јануари 2025 година, а осумте првопласирани екипи ќе се пласираат директно во осминафиналето, а оние кои ќе завршат од 9 до 24 место ќе играат за пласман во осминафиналето. Сите тимови после 24 место, го завршуваат натпреварувањето. Само ова коло ќе се одигра во три дена, а другите кола ќе се играат стандардно, на вторник и среда. Последното коло пак, ќе се одигра во ист ден и во еден термин. Натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите: Вторник, 17 септември: (18.45) Јувентус – ПСВ (18.45) Јанг Бојс – Астон Вила (21.00) Милан – Ливерпул (21.00) Реал – Штутгарт (21.00) Спортинг – Лил Среда, 18 септември: (18.45) Болоња – Шахтјор (18.45) Спарта – Салцбург (21.00) Клуб Бриж – Борусија Дортмунд (21.00) Селтик – Слован (21.00) Манчестер Сити – Интер (21.00) Пари Сен Жермен – Жирона Четврток, 19 септември: (18.45) Црвена звезда – Бенфика (18.45) Феенорд – Баер Леверкузен (21.00) Аталанта – Арсенал (21.00) Атлетико Мадрид – Лајпциг (21.00) Монако – Барселона (21.00) Брест – Штурм

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.