November 1, 2024 | | Свет
Поранешниот фудбалер на Хајдук Марио Мештровиќ беше застрелан во четвртокот вечерта во Винковци со неколку истрели во ногата, пренесоа медиумите во Хрватска. Напаѓач со фантомка на главата го пресретнал кога излегувал од спортската сала во Винковци и пукал во него. „Едно лице е повредено од огнено оружје. Тоа е пренесено во болница за укажување лекарска помош“, соопштија од полицијата. Во својата кариера тој играше за Цибалија, Хајдук Сплит, Депортиво Алавес, Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба, Хапоел Ерусалим и Риека.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |