Заврши авантурата на Алиоски во Ал-Ахли, ќе мора да бара нов клуб

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Заврши авантурата на Алиоски во Ал-Ахли, ќе мора да бара нов клуб

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски е на прагот на нова страница во својата кариера, откако стави крај на соработката со Ал-Ахли од Саудиска Арабија. По освојувањето на титулата во азиската Лига на шампиони, 32-годишниот „Џани“ одлучи дека е време за нов предизвик – и тоа, најверојатно, повторно на европско тло. Според најновите информации, најконкретен интерес за искусниот лев бек доаѓа од Швајцарија, земјата во која го започна своето фудбалско патување. Еден од најзаинтересираните клубови е Лугано, со амбиција да го врати Алиоски во своите редови токму во сезона кога клубот ќе се натпреварува во Лигата на Европа. Лугано не е непозната средина за Алиоски – токму таму во 2017 година го направи големиот пробив со блескави настапи, што резултираше со трансфер во Лидс Јунајтед. Во дресот на англискиот клуб стана препознатлив по својата борбеност, ангажираност и разновидност во играта. Во текот на кариерата, Алиоски ги носеше и боите на Јанг Бојс, Шафхаузен и Фенербахче, а неговата посветеност кон македонската репрезентација останува непроменета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.