Заврши бламажата на Италија, ќе има нов европски првак! (ВИДЕО)

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Заврши бламажата на Италија, ќе има нов европски првак! (ВИДЕО)

Швајцарија ја совлада Италија со 2-0 во натпревар во кој малкумина очекуваа до овој степен Италија лошо да одигра и на некој начин воопшто да не проба да се врати во натпреварот. Првиот гол за Швајцарија го постигна Фројлер во 37. минута, а на самиот почеток на второто полувреме работата ја заврши Варгас со прекрасниот гол во 46. минута. Италија беше очајна и воопшто не доликуваше на селекција која вистински се бори за да го одбрани трофејот. Швајцарија пак, ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Англија и Словачка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.