March 30, 2025 | | Свет
Томас Милер ги минува последните месеци како дел од Баерн Минхен, откако управата донесе конечна одлука – договорот на клупската легенда нема да биде продолжен. Германскиот ас, кој беше симбол на лојалноста кон „баварците“, не успеа да ја добие довербата на Винсент Компани, па со ретките настапи сезонава, неговата приказна во Минхен полека добива епилог. Иако Милер не криеше желба да остане уште некоја година во клубот, челниците на Баерн решија да тргнат во друга насока. Според германскиот „Кикер“, спортскиот директор Макс Еберл му ја соопштил оваа одлука и јасно ставил до знаење дека нема да има нови преговори за продолжување на соработката. Сега, пред Милер стои голема одлука – дали конечно ќе се впушти во нов предизвик надвор од Германија? Во последните две години, тој одбиваше богати понуди од САД и Саудиска Арабија, но ова лето би можел да размисли поинаку. Баерн, пак, планира достојно да му се заблагодари за неговата неверојатна кариера, организирајќи му проштален натпревар. Сосема заслужено, ако се земат предвид неговите 12 титули во Бундеслигата и двете европски круни во Лигата на шампионите – достигнувања што ќе останат запишани во историјата на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |