Зборовите на Кунде по повредата ги загрижи фановите на Барса

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Зборовите на Кунде по повредата ги загрижи фановите на Барса

Кунде беше принуден да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, а загриженоста дополнително порасна по неговата изјава во микс-зоната. Првичните информации укажуваат на мускулна повреда, а деталните прегледи утврдија дека ќе отсуствува три недели. Тој ќе го пропушти реваншот со Интер и претстојниот „Ел Класико“ во Ла Лига закажан за 11 мај. По натпреварот, Кунде проговорил за повредата. „Воопшто не сум добро“, им рекол на новинарите. Жил Кунде одигра 53 натпревари од почетокот на сезоната, носејќи ја одговорноста како еден од најстандардните играчи и во Барселона и во француската репрезентација. Сепак, во полуфиналето против Интер на „Монжуик“ дојде моментот кога неговото тело не издржа повеќе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.