Здрав и спремен за игра, ама Компани го тргна од тимот!

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Здрав и спремен за игра, ама Компани го тргна од тимот!

Во склоп на германскиот Куп, Баерн Минхен вечерва ќе се сретне со Улм а шокантна информација во Германија беше тоа што тренерот Компани одлучи да не го повика Леон Горецка за натпреварот. Ова беше повеќе од доказ за тоа дека тие не сметаат на него и дека очекуваат Германецот да си најде нов клуб. Неговиот договор трае до 2026 година, но интересно е што Горецка одбива да замине и сака да се наметне кај тренерот Винсент Компани. Горецка беше еден од најдобрите поединци на Баерн Минхен особено во периодот кога тренер беше Ханси Флик и кога успеаа да ја освојат тројната круна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.