April 30, 2025 | | Свет
Се повеќе се зборува за тоа дека Чаби Алонсо ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид по заминувањето на Карло Анчелоти, а шпанскиот весник АС открива дека новиот стратег има јасна визија за засилувања и тоа директно од неговиот актуелен клуб, Баер Леверкузен. Иако преговорите на Анчелоти со Бразил пропаднаа, очекувањата се дека искусниот Италијанец ќе ја напушти „кралската“ клупа. На негово место пристигнува Алонсо, кој сезонава повторно има солидна сезона со Леверкузен. Првата трансфер-цел на Алонсо е дефанзивецот Џонатан Та, чие доаѓање би било вистински погодок за Мадриѓаните, бидејќи неговиот договор истекува на 30 јуни, што значи дека може да пристигне без отштета. Втората желба на Чаби е офанзивниот бисер на Леверкузен, Флоријан Вирц, кој е под сериозен радар и на Баерн Минхен и Манчестер Сити. Почетната цена што „фармацевтите“ ја поставија е меѓу 120 и 130 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Покрај овие имиња, се шпекулира и со други можни засилувања како Вилијам Салиба од Арсенал, Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Алексис Мекалистер од Ливерпул. Се чини дека Алонсо сака да ја обнови средината и одбраната со играчи што веќе ги познава и што ќе му гарантираат сигурност и квалитет уште од првиот ден на „Бернабеу“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |