Желбата на Деко: Барса тргнува по ѕвездата на Ливерпул

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Желбата на Деко: Барса тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Барселона има сериозни планови за летниот преоден рок, а спортскиот директор Деко во разговор за каталонски „Спорт“ откри дека клубот сака засилување од редовите на Ливерпул. Каталонскиот гигант покажал интерес за Луис Дијаз, кој веќе некое време се поврзува со заминување од „Енфилд“. Луис Дијаз премина во Ливерпул од Порто во јануари 2022 година во трансфер вреден околу 45 милиони евра, со дополнителни бонуси што ја зголемија сумата на 60 милиони евра. Трансферот беше неочекуван затоа што Тотенхем исто така се обидуваше да го доведе, но Ливерпул реагираше брзо и го осигура неговиот потпис.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.